MACEDONIAN, македонски: Акција за Слобода на Семе & Храна: 2-16 Октомври 2013

За да го активирате преводот, ве молиме притиснете на копчето “captions”, десно на контролната табла од видеото. На располагање е повеќејазичен превод.

All translations kindly provided by Elena Peshevska

___________________________________________________________________________________________________

Seed & Food Freedom Texts – see sections below – More translated texts to be added shortly

  1. Писмо од Вандана Шива
  2. Двонеделна Акција – Како Да Учествувате 
  3. Хероите на Вистинска Храна 
  4. Инструкции за користење на мапа на семе слобода 
  5. Act for Seed & Food Freedom Graphics: English

____________________________________________________________________________________________________

1. Писмо од Вандана Шива 
http://seedfreedom.in/fortnight-of-actions-letter-from-vandana-shiva

Двонеделна Акција за Слобода на Семето и Слобода на Храната: 2ри Октомври – 16ти Октомври 2013

За да се вклучите, прочитајте: http://seedfreedom.in/fortnight-of-action-2013-how-to-participate/

Драги љубители на слободата и на разновидноста на животот,

Време е да се организираме и да ги сконцентрираме нашите енергии да ги ослободиме нашите семиња и нашата храна од токсичните, алчни и смртоносни канџи на глобалните корпорации како Монсанто; од законите кои корпорациите ги пишуваат, крадејќи ја нашата демократија со цел да ги украдат нашите семиња и храна, нашето здравје и живеачка, нашата култура и нашиот живот. Мора да се оттргнеме од нашето чувство на немоќност кое корпорациите сакаат да го задржиме за да веруваме дека тие се семоќни и дека ние самите немаме моќ за промени. Но ние имаме моќ. Едноставно треба да ги соединиме нашите колективни енергии. Мора да станеме промената која сакаме да ја видиме.

Ве поканувам да ги ослободите своите креативни енергии за време на Двонеделната акција за слобода на Семето и Слобода на Храната – 2ри Октомври до 16 Октомври.

2ри Октомври е годишнина од роденденто на Ганди. Ганди ни ги остави во наследство „Swaraj“ – само-организирана слобода и „Satyagraha“ – силата на вистината. Ајде да го прославиме 2ри Октомври како ден са Светска „Сатјаграха за Семето“. Ден кога ја браниме Слободата на Семето и Слободата на Храната, идентификувајчи го секој регионален закон напишан од корпорациите кој има за цел да ги минира овие слободи преку криминализација на разновидноста, чувањето семиња и размена на семиња, иновациите и правата на земјоделците, додека истовремено воспоставуваат нелегални монополи врз семето, преку патенти и фаворизирање на еднообразност и монокултури.

По идентификување на законите за ропство на семињата, да се посветиме на тоа да не ги почитуваме овие неетични и брутални закони кои се закануваат на животот на земјата, нажите животи и животите на нашите деца. Ганди не потсети пред 100 години, дека „ Сė додека постои суеверието дека мора да ги почитуваме неправедните закони, дотогаш ќе постои и ропството“. Ние имаме сон, и нашиот сон е дека секое семе, секоја пчела, секоја пеперутка, секој црв, секое лице, секое дете е ослободено од манипулација и контрола, глад и болест; дека се развиваат и ко-развиваат во слобода, добросостојба и здравје. Не смееме да си дозволиме да бидеме подложени на суеверието дека законите на Монсанто мора да се почитуваат. Во името на законите на Гаја (Gaia), на обновување на животот во слобода и на законите на правдата, наша еколошка и етичка обврска е да не ги почитуваме законите на Монсанто. И додека се опираме и несоработуваме со деструктивните закони на диктаторството над семето, ајде да ја прославиме Слободата на Семето и Слободата на Храната преку присвојување на Законот на Семето и преку создавање Градини на Надеж – засолништа за семиња – и без-ГМО, без-патент Слободни зони на Семиња.

На 12ти Октомври ќе се само-организираме на Марш против Монсанто ширум светот, како што направивме на 25ти Мај.

16ти Октомври е Светски Ден на Храната. Монсанто и други Биотех гиганти биднаа доволно луди и арогантни за сами себе да си ја доделат Светската награда за Храна, кои сами ја спонзорираат тој ден. Ајде да им доделиме Награди заВистинска Храна на Хероите на Вистинска храна во нашите заедници, кои ни даваат вистинска и здрава храна. Според Организацијата за Храна и Земјоделство, 72% од храната која ја јадат луѓето доаѓа од малите фарми и градини. Ние можеме тие 72% да ги претвориме во 100% преку зачувување на Слободата на Семето и садење на  Градини на Надеж насекаде. Индустриското земјоделство водено од корпорациите, има уништено 75% од биоразновидноста на планетата, резултирајќи во глад и болест. Еден билион луѓе се гладни, 2 билиони страдаат од болести поврзани со исхрана. Ова не е системот на храна кој ни дава живот и здравје. Тој е систем на производство артикли, воден од алчност и профит, кој што носи смрт и деструкција. Ние мора да ја спречиме оваа деструкција. Не постои простор за отрови и корпоративно ропство во системот на храна. Ние сме тоа што јадеме.

Нашите семиња и храна се витални за животот. Не можеме да допуштиме да продолжи уништувањето на планетата и нашето здравје. Не можеме да дозволиме да продолжат ропството на семето и диктаторството над храната. Мора да си ги земеме назад нашите семиња, нашата храна, нашата слобода.

Ви праќам љубов и сила на секој од вас да ги развиете вашата најголема моќ и да ги ослободите вашите најголеми креативни и кооперативни енергии, за заедно да оформиме систем на храна кој ќе го брани животот на земјата, нашите мали земјоделци, нашето здравје и нашата иднина.

Вандана Шива

Клучни денови за Акција / Идеи за Акција 

2 Окт: Сатјаграха за Семето – Глобална граѓанска непослушност во духот на Ганди,  против неправедните закони на семето

12 Окт: Марш Против Монсанто – http://www.march-against-monsanto.com/

16 Окт: Светски Ден на Храната, Прослава и оддавање почит на Хероите на Вистинска Храна – Идентификувајте ги и оддадете им почит на Хероите на Вистинска Храна во вашата заедница и ширум светот

 2-16 Окт: Акции за Слобода на Семе – Започнете Банка на семиња и без-ГМО/ Слободни Зони за семиња; Создадете Градини на Надеж; организирајте размена на Семиња и Акции за Бомби од Семиња

 За повеќе детали за тоа како да учествувате, погледнете: http://seedfreedom.in/fortnight-of-action-2013-how-to-participate/ 

За идеи за Акции, погледнете Идеи за Акција и Двонеделна Акција 2012.

Приклучете се онлајн на Слобода на Семе:

Веб страница: http://www.seedfreedom.in
Твитер: https://twitter.com/occupytheseed
Фејсбук: https://www.facebook.com/savetheseed
Act for Seed & Food Freedom event page: Фејсбук настан: http://on.fb.me/1bhqVyT
Јутјуб: http://www.youtube.com/user/occupytheseed.com
Карта на Слобода на Семе: http://seedfreedom.in/seed-freedom-map/

____________________________________________________________________________________________________

2. Двонеделна Акција – Како Да Учествувате http://seedfreedom.in/fortnight-of-action-2013-how-to-participate/

Вандана Шива ве повикува на Акција за Слобода на Семе –

Акција за Слобода на Храна: 2-16 Октомври 2013 – Насекаде http://bit.ly/ACT2-16Oct13

Повик на Акција од Вандана Шива, за Слобода на Семето & Храната – видео порака: http://youtu.be/hQ_bEOmM-3Y

Прочитајте го писмото од Др Шива: http://seedfreedom.in/fortnight-of-actions-letter-from-vandana-shiva

Потпишете ја Декларацијата за Слобода на Семето: http://seedfreedom.in/declaration/

Помогнете ни во преводот на постери, текстови и видеа за Акција за Слобода на Семето & Храната 2013: http://seedfreedom.in/seed-freedom-in-other-languages/

Клучни денови за Акција / Идеи за Акција 

Организирајте ширум светот Акции за Слобода на Семето и Слобода на Храната помеѓу 2-16 Октомври. Додадете ги истите на Картата Слобода на Семе и ние ќе ги споделиме преку социјалните медиуми. За Идеи за Акција, погледнете Идеи за Акција и Двонеделна Акција 2012.

Симнете го писмото од Др. Шива, графиците и другите ресурси:

http://seedfreedom.in/graphics-fortnight-of-action-2013/

2ри Октомври: Сатјаграха за Семето

  • Идентификувајте ги законите во вашата земја и регион, кои се закана за биоразновидноста, правата на земјоделците, Слободата на Семето и Слободата на Храната, и испратете ни ги: info[@]seedfreedom.in
  • Организирајте Светска граѓанска непослушност, во духот на Ганди, против неправедните закони за семе

Закони на кои треба да обратите внимание во вашата земја и регион:

  1. Спогодби за Слободна Трговија
  2. Закони за патенти на семиња
  3. UPOV – Интернационална Унија за Заштита на Нови Сорти на Растенија:

http://www.upov.int/

  1. Задолжително регистрирање кое го криминализира разноликото семе.
  2. Закони за Сегурност на Храна – Санитарни и Фито-санитарни закони – кои наметнуваат лажна безбедност во името на здравјето и сегурноста

12ти Октомври: Марш Против Монсанто

Организирајте протести, маршови и собири пред канцелариите за семе на мултинационалните компании и приклучете им се на милионите ширум светот против киднапирањето на системот за храна од страна на Монсанто: http://www.march-against-monsanto.com/, https://www.facebook.com/MarchAgainstMonstanto

16ти Октомври: Светски Ден на Храната, Прослава и оддавање почит на Хероите на Вистинска Храна

Прослави за Светскиот ден на Храната

Прославете ја Слободата на Семето и Храната насекаде, со пријатели, семејство, и во вашата Заедница.

Ве молиме споделете ги вашите идеи со нас, за Светскиот ден на Храната! 

Наградата за Вистинска Светска Храна – оддавање почит на Хероите на Вистинска Храна

  • Идентификувајте ги поединците во вашата заедница, кои прават исклучително голем придонес во одбрана и промоција на Слободата на Семето и Слободата на Храната
  • Организирајте прослава во нивна чест на Светскиот ден на Храната
  • додадете ги нивните профили на Картата Слобода на Семе
  • Симнете го Сертификатот Херои на Вистинска Светска Храна, за да им го доделите на Светскиот ден на Храна: http://seedfreedom.in/real-food-hero-certificate/

2-16 Октомври: Започнете Без-ГМО Слободни зони за Семе и Градини на Надежта

  • Прогласете Слободна зона на Семе во вашиот дом, институција, село или општина, која не препознава патенти над семињата
  • Создадете Градини на Надежта – направете ја секоја градина Засолниште за семиња
  • Користете го Законот на Семето како адвокатска алатка на локално, регионално и национално ниво, за да се донесат закони кои ќе ја почитуваат биоразновидноста и земјоделските права и ќе ги поништат законите кои ја прекршуваат Слободата на Семето и Слободата на Храната. Симнете го Законот на Семето: Англиски http://bit.ly/SEEDLAW; Италијански http://bit.ly/LEGGESEMI
  • Започнете банка на семиња – зачувајте ги сопствените не-ГМО/патентирани семиња: http://seedfreedom.in/act/seedbank/
  • Организирајте Размена на Семиња и Акции Бомба од Семиња, со не-ГМО, не-патентирани семиња

Доколку не сте дел од Локалниот систем на храна, искористете ја Двонеделната Акција за да создадете сосптвена Слобода на Храна преку барање до вашите локални произведувачи да одгледуваат Без-ГМО органска храна и да промовираат Земјоделство поддржано од заедницата (CSA – Community Supported Agriculture).

____________________________________________________________________________________________________

3. Хероите на Вистинска Храна 
http://seedfreedom.in/real-food-heroes/

Прославување и оддавање Чест на Хероите на Вистинска Храна на Светскиот Ден на Храната – 16 Октомври 2013

Повеќе од 70% од светската храна доаѓа од мали фарми и градини. Со оддавањето чест на Хероите на Вистинска  Храна со Наградата за Вистинска Храна, ние ја препознаваме вистинската основа за безбедност на храната и се посветуваме на јакнење на оваа основа кон градење на систем на храна без корпорациска контрола, ГМО-ми,  токсични хемикалии и патентирани семиња.

Повик на Акција од Вандана Шива, за Слобода на Семето & Храната – видео порака: http://youtu.be/hQ_bEOmM-3Y 

Прочитајте го писмото од Др Шива: http://seedfreedom.in/fortnight-of-actions-letter-from-vandana-shiva 

    • Идентификувајте ги поединците во вашата заедница, кои прават исклучително голем придонес во одбрана и промоција на Слободата на Семето и Слободата на Храната
    • Организирајте прослава во нивна чест на 16ти Октомври, Светскиот ден на Храната
    • Кажете ни кого сте избрале и зошто. Постојат три можности:

– Префрлете го Сертификатот за Херој на Вистинска храна (види подолу) или слика со опис, на нашата Карта на Слобода на Семето

– Објавете го сертификатот или сликата со придружен текст на нашата Фејсбук Страна

– Испратете ги по електронска пошта вашите сертификати или слики и придружен текст на: info[@]seedfreedom.in

Ние потоа ќе ги објавиме вашите Херои преку социјалните медиуми и ќе ги додадеме во нашата Галерија и Извештај на Херои на Вистинска Храна. Ве молиме истотака, да објавите слики, видеа и извештаи од вашите Херои на Вистинска Храна на нашата Фејсбук Страна за да може да ги споделиме.

Користење на Сертификатот за Херои на Вистинска Храна

Симнете и зачувајте го сертификатот за Херои на Вистинска Храна (или направете свој) за да го доделите на вашиот Херој на Светскиот Ден на Храната: 

Сертификат Херои на Вистинска Храна_ВИСОКА РЕЗ (за печатење) 

Сертификат Херои на Вистинска Храна_НИСКА РЕЗ (е-верзија за Карта на Слобода на семе и социјални медиуми) 

За да го комплетирате и споделите вашиот сертификат електронски:

  • Одете во PDFescape http://www.pdfescape.com/, бесплатен онлајн ПДФ едитор
  • Префрлете го документот ниска рез Херој на Вистинска Храна, на дадената команда
  • Префрлете ја сликата од вашиот Херој (макс големина 500КБ) со притискање на копчето „Insert“ и „Image“  на левото мени. Откако ќе се префрли, кликнете на сертификатот за сликата да се појави и да може да ја прилагодите големината.
  • Кликнете на копчето „Text“ за да додадете текст на истиот начин
  • Зачувајте и префрлете го комплетниот сертификат со притискање на зеленото копче на левото мени.
  • Конвертирајте го документот од PDF во JPEG, користејќи http://pdf2jpg.net/. Префрлете ја сликата како „JPEG picture“ (не ZIP) на вашиот компјутер.
  • Зачувајте го документот со името на вашиот Херој, на пр: Вил Ален – Херој на Вистинска Храна
  • Сертификатот е сега спремен за печатење, споделување и префрлање на Картата Слобода на Семе. Ние ќе ги објавиме сите префрлени сертификати преку социјалните медиуми и во нашата Галерија Херои на Вистинска Храна, истотака можете да ни ги пратите сертификатите по електронска пошта.

____________________________________________________________________________________________________

4. Инструкции за користење на мапа на семе слобода

 http://seedfreedom.in/seed-freedom-map/

Приклучете се на Глобалната Алијанса за Слобода на Семето: Додадете ги вашите Акции за Слобода на Семето & Храната, Иницијативите за Суверенитет на Семето и Хероите на Вистинска Храна

Двонеделна Акција Слобода на Семе – 2-16 Октомври 2013: Организирајте и додадете ги на картата подолу, Акциите за Слобода на Семето & Храната и профилите на вашите Херои на Вистинска Храна. За повеќе детали погледнете во Како да учествувате. Ние потоа ќе ги споделиме вашите придонеси преку социјалните медиуми и во Галеријата и Извештајот Херои на Вистинска Храна.

Тековно: Додадете ги вашите Иницијативи и Акции за Суверенитет на Семето, за да се вклучите во растечката Глобална Алијанса за Слобода на Семето.

За да додадете на картата Акција, профил на Херој на Вистинска Храна или Иницијатива за Суверенитет на Семето:

  1. Притиснете на копчето „Add“ во горниот десен агол на картата погоре.
  2. Во копчето „Location“ додадете ја вашата Акција, Херој или име на Иницијативата и други детали
  3. Изберете како Маркер: Акција за Слобода на Семе & Храна, или Херој на Вистинска Храна, или Глобална Алијанса за Собода на Семето (за Иницијативи)
  4. Притиснете го копчето „Details“ на врвот на квадратчето
  5. Додадете детали во врска со вашите Акции, Херој или Иницијатива вклучувајќи и ДАТУМ каде што е потребно и вашите детали за контакт. Ве молиме додадете ја вашата веб страна и други линкови во овој формат: http://www.xxx.xxxxx
  6. Притиснете го копчето „Media“ за да префрлите видео, слики или Сертификат Херој на Вистинска Храна ( само до 1МБ jpeg или png документи)
  7. Притиснете на „Submit“. При првото притискање, ZeeMaps че ви понуди опции за локација. Изберете опција која најдобро се совпаѓа со вашето барање, или притиснете на „Show me more“. Откако че изберете опција од менито за пребарување, ZeeMaps  ќе ги пополни вашите деталите за локацијата.
  8. Проверете ја оваа информација и притиснете уште еднаш на „Submit“. Потоа притиснете „OK“ на прозорчето што ќе се појави
  9. Конечно, притиснете „Close“. Вашиот настан ќе се појави по одобрувањето од страна на администраторот
  10. Забелешка: кога поднесувате истовремено повеќе Акции/Херои/Иницијативи, ве молиме освежете ја страницата по секое внесување на нов настан

Доколку имате проблеми или не сте сигурни што да направите, едноставно пополнете го образецот подолу со деталите за настанот и ние ќе го додадеме настанот наместо вас.

Име на настан:

Датум на настан:

Време на настан:

Адреса:

Контакт телефон/имејл:

Веб страна и дополнителни детали:

Поднеси

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s